Др Дуковски: Власта потфрли по сите параметри во борбата против корона

Македонија целосно потфрли во справувањето со корона вирусот, истакна денеска др Душко Дуковски.

Тој посочи дека надлежните потфрлија по основ на сите параметри меѓу кои ефикасноста на спроведени мерки, откривањето на заразени и бројката на спроведените тестирања.

-Македонија е со најлоши резултати во регионот, но и во светот, во борбата против Ковид-19. Имаме најмногу заболени на милион жители, имаме најмногу починати на милион жители. Од ден на ден се зголемува и бројката на новозаболени медицински лица. Површноста на надлежните не доведе во оваа ситуација. Дополнително, не убедуваат вирусот слабее, се е под контрола, ова е „новата нормалност“. Нормалност е кога постои контрола врз епидемијата, и кога има стратегија за справување со корона вирусот, тогаш можеме да кажеме дека има нормалност. Да потсетиме, тоа што го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати дневно, денес има троцифрени бројки на новозаразени и дуплиран е бројот на починати, нагласу Дуковски.

Според докторот цената на површноста и неспособноста е голема, здравјето на граѓаните е приоритет, а одговорност мора да има.