
Словачката полиција објави во четвртокот претпладнето дека нејзините припадници убиле наоаѓач чија цел бил персоналот на едно основно училиште и притоа убил едно лице.
На својата страница на Facebook, словачката полиција полиција дека сега „ситуацијата е под контрола“.
Инцидентот, како што јави словачкото државно радио, се случил во основно училиште во градот Врутка во севердниот дел од земјата.
Според извештајот, засега неименуван маж, смртно застрелал еден од вработените во улилиштето. Полициската патрола, која брзо пристигнала на местот на настанот, користела оружјето кое вообиачено го носи и во текот на нејзината операција смртно настрадал осомничениот.
Локалните медиуми пренесуваат дека напаѓачот е 22-годишен поранешен ученик кој прво прободел вработен откако насилно влегов во училиштето, а потоа бил застрелан од полицијата, на околу 200 метри од училиштето.
Локалниот центар за идна медицинска помош соопштил дека интервенирал за пет повредени лица, меѓу кои имало и деца. Според полицијата, пак, повредени се четири лица, две деца со исеченици и уште две возрасни лица кои се згрижени во болница.