Неофицијално – над 170 новозаразени и четири жртви на коронавирусот во Македонија

Според неофицијалните информации кои дојдоа до Нетпрес, во последното деноноќие во земјата се регистрирани повеќе од 170 нови случаи на зараза со коронаворусот, и уште четири нови смртни исходи.

Со тоа продолжува растот на бројот новозарзаени, откако во средата беа потврдени 125 случаи на инфекција со коронавирусот и рекордни седум смртни исходи. Така, без најновите податоци, за последните десет дена во земјата се  регистрирани 1.141 новозаразен и 31 починат.

Од почетокот на епидемијата во Македонија до средата беа потврдени 3.364 случаи на Covid-19, од кои издравеле 1.664 пациенти а починале 164 луѓе.