Османи: Има простор за правичен и инклузивен процес на 5 јули

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Осдмани за телефонскиот разговор на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев за изборите смета дека не станува збор за надворешна медијација туку за внатрешно посредување бидејќи земјава веќе е внатрешно прашање на ЕУ.

– За медијацијата мислам дека веќе станавме внатрешно прашање на ЕУ со фактот дека добивме одлука за почеток на преговорите и медијацијата од страна на Комисијата не го гледам како надворешно посредување. Тоа е внатрешно посредување бидејќи ние сме дел од семејството. Како некој внатре во државата да посредува помеѓу партии или институции така ја рзабирам улогата на комесарот Вархеји. Добрдојдена е тој вид на медиација и се надевам дека партиите ќе смогнат сили да постигнеме консензус. Се согласувам со твитот на Вархеји дека се потребни фер демократски и инклузивни избори имајќи ги предвид сите околности со пандемијата – рече Османи.

Тој смета дека се уште има простор за еден правичен, инклузивен процес на 5 јули. Османи рече дека не сака да прејудицира за вонредната состојба и дека утре ќе се направи проценката дали владата ќе побара претседателот на државата да прогласи нова вонредна состојба или не.

За зголемениот број на новозаразени и најавата за избори Османи рече дека апсолутно здравјето на граѓаните е на прво место.

– Темата избори ни е наметната бидејќи немаме Собрание. Не ни е лесно да зборуваме за избори при зголемени бројки на заразени. На сите ни е јасно дека во вакви услови не може да има класична кампања. Дилемата е повеќе дали изборниот ден се разликува од другите за граѓаните кои секојдневно ги обавуваат својте функции.Тоа ќе се има предвид, датумот на избори треба формално да го потврди претседателот на Собранието – рече Османи.