
Институтот за здравје и безбедност на храната на Босна и Херцеговина потврди во четвртокот дека во земјата првпат по шест годни е регистрирана појава на беснило, болест која е смртоносна и за луѓето и за животните.
Тестовите спроведени кон крајот на мај во референтна државна лабораторија потврдиле дека едно ловечко куче било заразено со беснило, а е пронајдено на територијата на Сребреница во источна Босна.
Како што наведуваат од Институтот, ова е прв ваков случај по шест годни, кога исто така се појавило беснилот во БиХ, а извор на заразата и тогаш било куче. Истовремено Институтот предупредува дека е неопходно да се преземат мерки за заштита за да се спречи ширењето на болеста.
„Препораката на стручните лица е спроведување вакцинирање за да се избегне можноста од ширење на болеста од дивите на домашните животни, а потоа и на луѓето“, се наведува во соопштението.
Засега на населението му е дадена препорака да ги избегнува контактите со заболените животни.
Според показателите на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) годинишно во светот од беснило умираат 59.000 луѓе, од кои 40 отсто се деца помлади од 15 години.