Голем пожар на Света Гора

Голем шумски пожар избувна денес на Света Гора на грчкиот полуостров Халкидики. Огнената стихија е забележана на р`тот, преку патот од Неа Рода и манастирите не се загрозени.

Како што беше објавено во групата „Во живо од Грција“ на „Фејсбук“, пожарникарите од земја и море се обидуваат да го изгаснат пожарот.

На теренот има 20 возила, 59 пожарникари, три авиони и еден хеликоптер, кои делуваат од воздух.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и доброволци, пренесуваат грчките медиуми.