Цела администрација во општина Струга во самоизолација

После консултации остварени со наделжните институции од Општината е упатен повик до вработените во администрацијата да останат во самоизолација, а при евентуална појава на сипмтоми на коронавирус да ги контактираат матичните лекари.

-Бидејќи ситуацијата со пандемијата се влошува, ве молиме да бидете внимателни и да ги почитувате мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство со цел да се спречи ширењето на пандемијата – се наведува во соопштението од Општина Струга.

Во меѓувреме ќе се анализираат и проверуваат сите контакти што вработениот ги имал со останати лица во Струга за да се откријат евентуални други инфицирани. Инаку, лицето позитивно на ковид-19 е во домашна изолација со лесна симптоматска клиничка слика.