7.8 C
Skopje
четврток, март 6, 2025

Ѓорѓиевски: Заев и Анѓушев да ги вратат парите кои ги земаа од народот како антикризна помош

Зоран Заев пред само недела дена кажа дека со таканаречените антикризни мерки му помага на народот и стопанството. Само неколку дена подоцна гледаме како народните пари преку буџетот завршуваат на сметката на фирмите на семејството Заеви како Еленица, каде управител е неговиот брат Вице Заев, а основач неговиот бртучед Трајче Заев, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата: 

Пакетите мерки се наменети за џебот на Заеви и врхушката на власт. Никогаш доста за Заеви. Прикажале приход од 5 милиони евра а сега земаат од државата помош.

Наместо на сметките на фирмите на кои реално им треба помош, парите завршија во џебот на Заеви.

Заеви не се фаќаат за џебот кога треба да дадат, туку единствено кога треба да земаат од нашиот народот.

Згора на тоа освен Еленица на Заеви, државна помош од 106 илјади евра добила и фирмата на доскорешниот потпретседател на Владата и близок соработника на Зоран Заев Кочо Анѓушев.

ВМРО-ДПМНЕ бара и ги повикуваме Заев и Анѓушев да ги вратат парите кои ги земаа од државата како државна антикризна помош. Ова преставува сериозен сомнеж за злоупотреба и ќе треба обвинителство сериозно да го испита овој случај.

Овие луѓе немаат образ. Ова значи помалку пари за компаниите а повеќе пари за Заеви.