
Русија планира во септември да почне да произведува вакцина против новиот коронавирус откако ќе завршат клиничките испитувањеа во јули и лекот добие дозвола во август.
– Вакцината во моментот клинички се испитува на доброволци – изјави заменичката на рускиот премиер Татјана Голикова.
Рускиот Национален истражувачки центар Гамалеја за епидемиологија и микробиологија во мај соопшти дека разви вакцина против ковид-19.
– Вакцината нема нуспојави. Научниците од Институтот вакцината прво ја испитаа на животни, а потоа на себе- истакна директорот на Институтот, Александар Гинзбург.
Вакцината сега се испитува на 50 војници доброволци во Воено истражувачки центар во московскиот регион. Тестирањето треба да биде завршено до крајот на јули.
– На пронаоѓање на лек за ковид-19 во Русија независно работат седум истражувачки институти, а три проекти се ветувачки- посочи Голикова.
Праксата во светот покажува дека е потребна една година за да се развие вакцина и истата да се најде во продажба.