На околу 60 болни коишто се дијализираат во ГОБ „8 Септември“ им било најавено дека ќе бидат префрлени во другите центри поради состојбата со ковид-19. Тие се загрижени за нивната здравствена состојба како ќе бидат вклучени на дијализа и како ќе се третираат во преостанатите два центри за дијализа во Скопје, каде веќе има пациенти.
Министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со ова денеска одговори:
– Дијализата е проблем во оваа ситуација бидејќи дијализните центри се дневни центри и не може пацинетите кои имаат ковид-19 таму и да се лекуваат. Сите опции ги држиме отворени. Засега, системот ќе продолжи вака. Идејата беше да се заштитат пациентите и целосно да се одвојат пациентите на дијализа коишто се позитивни од оние коишто се целосно здрави и им е потребна дијализа. Со оглед на тоа што се јави и претседателот на здружението Нефрон, засега ќе продолжи вака, но ќе ги држиме сите опции отворени, за да се заштитат пациентите – изјави Филипче.