
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски гостуваше во емисија „Топ Тема“ каде што посочи дека економските мерки кои што владата ги донесе не се ефикасни, а за тоа говори и незадоволството на Стопанските комори, и околу 15.000 луѓе кои што останаа без своите работни места.
„Плаќаме превисоки камати во овој момент, поради тоа што уште во април кога се навестуваше оваа криза, кога сите држави градеа стратегија, вие сѐ уште не убедувавте дека Вуџетот е ликвиден и дека одлично ќе се справиме со оваа криза. Дека сѐ е розово и сѐ цвета, тоа СДСМ тогаш нѐ убедуваше, за жал“, појасни Муцунски.
Додаде дека факт е дека СДСМ имаше намера средства да исплаќа во период на кампања.
„Точно е дека сте ги викале претставниците на Стопанските комори, и на опозицијата, но колку сте ги слушале. Бидејќи тој совет не ги носи економските политики односно економските политики ги носите вие на седница на Влада. И доколку тие економски политики биле кохерентни, доколку тие економски политики биле ефикасни кон приватниот сектор немаше да имаме 15.000 луѓе кои што се оставени без своите работни места. Немаше стопанските комори до ден денес јас јавно го слушам гласот на Стопанските комори кои што велат дека не се задоволни од мерките кои што се донесени од владата“, нагласи Муцунски.