Мора да има одговорност за дебаклот во здравството и економијата

СДСМ треба да одговара за дебаклот што се случи во здравствениот и економскиот дел, очигледно неспособноста на владејачката партија исплива по којзнае кој пат на виделина, истакна во текот на гостивањето во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма гостуваше меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

„Има еден термин кој се нарекува одговорност, слушнав многу за гледиштата кон причините зошто ние се наоѓаме во оваа криза, и навистина ми беше непријатно како слушнав дека министерот Наќе Чулев и сите граѓани се виновни. Барем тоа е моја една интерпретација. Постојат институции на систем, постои претседател на Влада, постои министер за здравство, постои Комисија за заразни болести. Па ако влеземе во министерството за внатрешни работи постои и директор на Бирото за јавна безбедност. И сите овие луѓе се од политичката партија на СДСМ“, појасни Муцунски на излагањето на Манчевски во емисијата „Топ Тема“.

Муцунски оцени дека имаше неконзистетна здравствена политика, и оти експертите треба да дебатираат зошто Македонија дојде до оваа ситуација да ја нарекуваат „Grand zero“ за коронавирусот во Европа.

„Имаме застрашувачки бројки, и сѐ уште сме изолирана земја во Европа, од гледна точка отворени гранични премини“, рече Муцунски.

„За мене ноторен е фактот покрај неуспехот во делот во справувањето со економските последици од кризата имаме страшен дебакл во справувањето со здравствениот дел од оваа криза“, нагласи Муцунски.