Прекршочни за 600 лица кои не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие  на територијата на Македонија на 860 лица им се издадени решенија за изолација, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

По однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се 559 прекршоци.