
Алијансата за Албанците бара од Владата безусловно отворање на границите, а на иселениците да им се дозволи влез во Македонија и без резултат од ПЦР тест. Освен тоа, од Алијансата бараат дојденците да не мора да бидат во самоизолација. Од партијата наведуваат дека земјава е лидер во регионот во однос на бројот на заразени, така што опасноста не ни доаѓа од надвор од нашите иселеници кои доаѓаат од држави каде е веќе добиена ботката со Ковид-19.
„Сведоци сме на многу тенденции за да се злоупотребува оваа состојба, но и за да им се нанесе штета на нашите граѓани кои мора да плаќаат стотици евра за нивните семејства за ПЦР тестови кои честопати и не се точни. Итно бараме Владата на следната седница да ги тргне активните мерки за граѓаните кои се враќаат во својата татковина, односно ПЦР тестот и самоизолацијата.“