
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 633 прекршоци.