
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Горно Лисиче каде открил плоча во спомен на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ пред точно 30 години.
Денес бев во Горно Лисиче, на „Горноврановска“, каде заедно со првиот генерален секретар Борис Змејковски откривме плоча во спомен на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, пред точно 30 години.
Од МК Горно Лисиче почна приказната која трае 30 години.
“Изворот” не смее да биде заборавен, а идејата трае – Македонија!
Честит роденден ВМРО-ДПМНЕ!, стои во неговиот пост на Фејсбук.