Речиси половината од светската популација дише загаден воздух

EPA-EFE/TOM WHITE ATTENTION:

Анализата на прецизираната мапа на атмосферското загадување на Земјата покажа дека околу 50 отсто од луѓето на планетата во моментов дишат воздух со многу висока концентрација на прашина и аеросоли.

Поголемиот дел од овие луѓе живеат во Африка и во Јужна Азија, покажува студијата чиишто резултати се објавени во научното списание Climate and Atmospheric Science.

„Од една страна, долгорочните мерки за намалувањето на загадувањето на возухот навистина го направија почист во многу региони во светот, особено во Европа и во САД. Од друга страна, пак, сѐ уште има многу места на Земјата, каде што нивото (на загадувањето) продолжува да расте или едноставно останува опасно високо, надминувајќи ги стандардите на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за пет пати“, вели професорот на британскиот Универзитет Екстер, Гавин Шадик.

Според податоците на СЗО, речиси 7 милиони луѓе умираат секоја година поради загадување на воздухот. Многу истражувачи сметаат дека вистинскиот број смртни случаи за кои причина е загадувањето на воздухот можеби е значително поголем. Научниците сѐ уште не постигнаа консензус за тоа кои видови загадувачи на воздухот се особено опасни за здравјето на луѓето и животните.

Меѓу причинителите на загадувањето научниците го вбројуваат озонот, гас чиишто молекули се состојат од три атоам на кислород, како и честички од прашина од прородно и вештачко потекло. Во согласност со стандардите на СЗО, нивната концентрација не смее да биде поголема од 10 мкг/м3 воздух. Меѓутоа, во многу мегалополиси во светот, особено во азиските земји, овие норми не секогаш се постигнуваат.

Светските трендови во животната средина

Шадик и неговите колеги се обиделе да проценат колку оваа ситуација се променила оваа последните десет години, откако многу земји усвоија норми како дел од стратегијата за одржлив развој на ОН и многу национални мерки за борба против атмосферската прашина и отровите. За тоа научниците го користеле моделот за дистрибуција на прашината и аеросолите, којшто го разработиле експертите на ОН, како и податоците за нивната концентрација во разно делови од светот во текот на последните четири години.

Според истражувачите, овие пресметки ги зеле предвид не само антропогените извори на ваквото загадување, туку и колку пустинскиот песок, вклучително и од Сахара, влегува во пониската атмосфера поради ураганите и ветровите. Користејќи го овој модел, еколозите ја утврдиле концентрацијата на опасните честички и аеросолите во воздухот во сите региони на Земјата и пресметале колку таа се променила од 2010 година.

Се покажало дека околу половината од светската популација сега дише воздух во кој концентрацијата на прашини и аеросоли е многу повисока од нормите на СЗО. Покрај тоа, за околу 55 отсто од регионите на Земјата, оваа бројка се зголемила последните години, наместо да се намали. Најпогодени се земјите од Северна Африка, Индија, Бангладеш, како и Кина и Централна Азија.

Во истиот период, на териториите од земјите во Европа, во САД, Мексико и Канада, како и во Австралија, Бразил и Русија и низа земји на југот од Африка ситуацијата значително се подобрила. Општо земено, концентрацијата на аеросоли и прашини на глобално ниво не е променета. Научниците тоа го припишуваат на острото зголемување на нивната концентрација во земјите во развојот.

Истражувачите се надеваат дека овие податоци ќе им помогнат да се оцени ефикасноста на нивните политики за зачувување на животната средина како челни органи на ОН, така и на одделните држави и да се сфати во која насока тие треба да се прилагодат со цел да се минимизира заканата за здравјето на населението.