(ВИДЕО) Бојко Борисов вели дека е снимен од претседателот Радев со дрон

Фотографија од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов како спие гол во спална соба покриен со прекривка, предизвика огромно внимание, а Борисов ги обвини противниците дека го напаѓаат со компромитирачки материјали за да го спречат во две важни цели кој треба да се постигнат во јули – влез на Бугарија во банкарската унија и во еврозоната. На фотографиите се гледа и наткасна до него, на која стојат пиштол и банкноти од 500 евра. Премиерот Борисов изјави дека  нарачател на ова видео е претседателот на Бугарија РуменРадев кој го добил дронот од како подарок од Кина . Борисов обвини дека оваа снимка може да се искористи во кампањата против него.