
Во текот на изминатото деноноќие (17/18.06.2020 година) на територијата на Македонија на 274 лица им се издадени решенија за изолација, а 255 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што утврдено е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 706 прекршоци.