
На Инфективната клиника, за жал, не е спасен ниеден пациент којшто бил на респиратор, изјави директорката на клиниката доктор Милена Стевановиќ. Оттука, препораката на светските центри кои имаат огромен број искуства и кои ги лекувале пациентите со механичка вентилација, е овој тип на третман да биде последниот обид во лекувањето.
„Не за жал, не успеавме да извадиме пациенти од респиратор. И покрај тоа што кај повеќе пациенти кај кои практично беше санирано дишењето и беа ставени на спонтан режим на дишење, се случија други компликации поради кои пациентите завршија со смртен исход. Оттука, сметавме дека подобар е нашиот успех во работењето каде што механичката вентилација ќе биде како последен обид во третманите. Денеска, тоа е всушност и препорака од светските центри кои имаат голем број искуства и кои ги лекувале пациентите на механичка вентилација“, рече доктор Стевановиќ.