
Министерот за економија во Владата на република Северна Македонија, Крешник Бектеши, на својот Фејсбук профил објави дека Владата на вечерашната седница донела одлука за продолжување на работното време на кафе баровите и кафеаните од 22 часот до полноќ, односно до 1 часот по полноќ во текот на викендите.