Реал се врати на „минус два“ зад Барса

18 June 2020. EPA-EFE/JuanJo Martin

Во дербито од 29-то коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид беше убедлив со 3:0 против Валенски и повторно ѝ се доближи на водечката Барселона на два бода заостанување.

Стрелци за „кралевите“ беа Карим Бензема во 61 и 85, и Марко Асенсио во 74 минута.

Реал подобро го започна дуелот, но гостите брзо возвратија. Во 14 минута Родриго имаше одлична шанса, но ја погоди стативата. Пет минути подоцна Родриго беше прецизен и го совлада Тибо Куртоа, но по прелгедувањето на снимката арбитарот Хозе Санчез го поништи погодокот на „лилјаците“ поради недозволена позици. Во недозволена позиција не беше стрелецот, туку Солер од кого топката се одби до Родриго.

Во 30 минута Реал се закани преку Карвахаљ, но гостинскиот голман Силесен беше на место. Во завршницата на првото полувреме се обиде и Еден Азар, но холандскиот голман на гостите ја впиша осмата одбрана во првото полувреме.

Подобрата игра во продолжението Реал ја круниса со погодокот во 61 минута, во акција која потече од Лука Модриќ го го проигра Азар а овој во пад додаде до стрелецот Бензема. Шансите за триумф во дербитот домашните ги зголемија во 74 минута кога Асенсо одлично погоди на повратно додавање од Менди. Бензема во 85 минута го постави конечниот резултат, а гостите три минути подоцна останаа и без исклучениот Ли Ханг-Ин.

На табелата води Барселона со 64 бодови, а Реал има сега 62. Севилја е трета со 51 бод, додека Атлетико Мадрид е четврто со 49 бодови. Валенсија е осма со 43 бодови во обид да се пласира на позициите кои водат во квалификациите за европските натпреварувања.

Претходно Реал Сосиедад на гостувањето кај Алавес беше поразен со 0:2, со што си ги намалува шансите за пласман во Лигата на шампионите.

Победата на домашните им ја донесоа Борха Саинц во 56 и Мартин Агуерегабириа во шестата минута од судиското продолжение. Двата тима дуелот го завршија со играч помалку, во 81 минута беше исклучен гостинскиот бек Жезаба Залдуа, додека три минути пред крајот на мечот „поцрвене“ и гостинскиот играч од средината Томас Пина.

Реал Сосиедад со победа можеше да се врати на четвртата позиција која е последната која води во Лигата на шампионите, но сега е петти со 47 бодови, колку што има и Хетафе кое е шесто на табелата. Алавес, пак, напредуваше до 12-то место, со 35 бодови десет повеќе од опасната зона.