
СДСМ и Зоран Заев се главните ширачи на ковид-19 во земјата. Веќе подолг период Република Македонија има трицифрена бројка на новозаразени, а неспосбната СДСМ не знае и не умее да се справи со оваа ситуација, обвини опозицискиата ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Заев треба да биде загрижен и за организирањето на нивните митинзи. На еден таков јавноста сведочеше деновиве,а истиот беше организиран со затворениците во затворот во Идризово. Наместо Заев да шири приказни и да глуми загриженост нека даде одговори на јавноста. Заев треба да даде одговор дали кај него завршија парите од „Рекет“ и по чија наредба и со чии амин се случи уште еден рекет од 6 милиони евра. Заев треба да одговори и како е дозволено и се случува адвокатот Димишков да кажува кој да се ослободи, а кој не, а притоа за тоа бара 6 милиони евра. Јавноста треба да знае и дали дел од тие пари завршија во џебот на Зоран и Вице Заеви? Изборот е јасен, изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата“, се вели во соопштението.