8.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Османи: Договорот со Бугарија е услов за членство во ЕУ

Откако ВМРО-ДПМНЕ отворено го одби условот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за коалицирање во идната влада која ќе ја води првпат во историјата на Македонија премиер Албанец, во гостувањето во емисијата „А што не е јасно“ на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи му беше поставено прашањето дали можеби сигурноста на ДУИ во остварувањето на планот е поради тоа што веќе имаат договор со Зоран Заев и СДСМ.

Османи не одговори директно, што, пак, дополнително го подгрева сомнежот дека постои некаков скриен договор помеѓу Заев и Ахмети. Османи истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ имаат повеќе разлики меѓу кои е и Договорот со Бугарија, кој според него е услов за членство во Унијата.

„ВМРО-ДПМНЕ има и поголеми проблеми со нас отколку прашањето околу првиот премиер Албанец. Знаете дека ДУИ е еден од кормиларите во овие 10-15 години на евроатланската агенда на државата и во услови кога сега сме пред започнување на преговори и една политичка партија излегува против Договорот со Бугарија кој што еве сега ни се наметнува како услов на во процесот со преговорите со ЕУ има други црвени линии пред да стигнеме до позицијата премиер. Меѓутоа ова не е прашање на условување туку прашање кое граѓаните го прифаќаат масовно“, рече Османи.

Ова е првпат децидно претставник на Владата предводена од СДСМ јавно призна дека штетниот договор кој Зоран Заев го потпиша со Бугарија е услов за членството на Македонија во Европската унија.