
Вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Велес – Градско, пишува Велесденес.мк.
Сообраќајната несреќа се случила близу селото Виничани. Откако изгубиле контрола на своето возило „Фиат Пунто“ со повреди се здобиле возачот и совозачот.
Возачот на возраст од 70 години, е префрлен во градската болница во Велес, а совозачот е пратен на клиника во Скопје.