
На 20.06.2020 околу 01,10 часот во близина на бензинска пумпа на влез-излез од Прилеп патничко моторно возило “Хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од Прилеп изгубило контрола и излетало од коловозот. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот и сопатничката В.Ч.(19) од Прилеп биле пренесени во Општата болница Прилеп каде што кај А.Ј. била констатирана смрт, а на В.Ч. (2001) од Прилеп и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.