
Власта на Заев е организирана само кога се работи за криминал, а е целосно неорганизирана кога треба да го штити здравјето и животот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата во соопштението наведува дека вчера јавноста слушаше како се тргувало со правдата со баснословни суми од милиони евра, а од друга страна Македонија е земја во која здравствениот систем е на колена поради неодговорноста и несериозноста на Заев и СДСМ.
„Во последното деноноќие има нов црн биланс во кој заболени се 156 лица, а починати се шест лица. За жал,поради ваквите бројки кои не се симнуваат со недели Македонија има втор пик и втор бран од епидемијата со корона вирусот. Сето тоа е поради вирусот Зоран Заев кој го девастираше целиот државен систем во овие три години. Македонија сега е црн рекордер во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Само од почетокот на јуни има повеќе од пола вкупно заболени во државата од епидемијата до сега, што се должи на лажната нормалност која Заев и СДСМ ја промовираа и водеа пред време кампања изложувајќи ги граѓаните на ризик. На 15-ти јули завршува бедата која ја донесоа Заев и СДСМ. Доаѓа времето кога ќе бидат поразени короната и вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова, или измами, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија не заборава, и Македонија ќе победи! Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.