
Времето денеска во поголемиот дел од земјата ќе биде променливо облачно со услови за појава на локален дожд, додека во јужните делови ќе преовладува сончево време. Во попладневните часови, пред се во планинските региони, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а долж Повардарието ветерот краткотрајно ќе засилува.
Максималната темпертаура ќе достигне од 21 до 30 степена. УВ зрачење 7
Во Скопје и околината претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и краткотрајно засилен ветер. Температура ќе достигне до 29 степени.
Од утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Условите за нестабилност ќе се намалат кон средината на работната недела.