
Владата на денешната седница го поништи решението кое го потпишав за назначување на началник на СВР Тетово. Ова место беше едно од 15-те места кои ми следуваат согласно Законот за влада, како министер во техничката влада, напиша на Фејсбук министерот за вантрешни работи Наќе Чулев.
Тој во објавата на Фејсбук истакнува дека иста таква одлука со која владата првично го поништила таквото решение, која претходно од негова страна била обжалена до Државната комисија за спречување на корупција, констатирала дека Владата направила пропуст при поништувањето на решението и ја поништила првичната владина одлука.
„Но и покрај ваквиот заклучок од ДКСК, Владата денес повторно носи иста одлука“, потенцира Чулев и додава:
„Со денешното силеџиско постапување повторно е прекршен Законот за влада, а дополнително денешната одлука предложена од страна на ДУИ, а аминувана од страна на СДСМ е уште еден доказ дека нивната коалиција блеска во полн сјај. ДУИ и СДСМ имаат спротивставени мислења само во јавноста и тоа е само еден блеф. Нивниот меѓусебен однос на владините седници фукционира идеално и без никаква пречка.
Во оваа прилика ја информирам јавноста дека во однос на денешното постапување на Владата, во текот на утрешниот ден ќе поднесам кривична пријава, но и за ваквиот упад и мешање во работата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат запознати и претставниците на меѓународната заедница“.
https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/169525787907557