Откриени 64 мигранти од Бангладеш, возачот на камионот избегал

64 лица-мигранти сите од Бангладеш, биле откриени во товарно моторно возило „ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки на регионалниот пат Валандово–Струмица на влез во Струмица, информира МВР.

Полициски службеници од СВР Струмица го забележале возилото за кое имале информација дека превезува мигранти, по што возачот го застанал возилото и го напуштил местото на настанот. Лицата се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.