(ФОТО) Деми Ловато „фатена“ со новото момче

Американската пејачка Деми Ловато (27) беше фотографирана со новото момче Макс Ерик (28) и тоа кога заминаа на романтична вечера во Малибу.

Имено, пејачката веќе некое време ужива во новата љубов со актерот Максим, со кој поминува доста време и за време на карантинот поради пандемијата, а парот изгледа реши да го искористи попуштањето на мерките во САД и поради тоа тие посетија познат ресторан.

Заштитната маска за лице и понатаму е задолжителна кога се излегува од дома, па за тоа и двајцата го испочитуваа тоа правило.

Инаку Деми скоро целото време во изолација го помина во костим за капење и без шминка, па веќе долго време никој ја немаше видено средена и нашминкана.

Погледнете ја пејачката со новото момче: