Познат пoрно актер заврши на суд, му се заканува затвор од 90 години

Рон Џереми (67), крал на филмовите за возрасни обвинет за силување на три жени и сексуален напад на уште една.

Обвинение против глумецот и директорот на порно филмовите е покренето од страна на јавниот обвинител во Лос Анџелес.

Како што стои во соопштението, Џереми е обвинет за три случаеви за насилно силување и насилно пенетрирање со стран предмет во еден случај за присилен орален секс и сексуално насилство, пренесува Си-Ен-Ен.

Џереми има глумено во повеќе од 2500 филмови за возрасни во неговите 40 години кариера, цитира Торонто Сун. Неговиот менаџер, Данте Рушиолели изјавил во телефонскиот разговор за Си-Ен-Ен дека Џереми нема да му биде веќе клиент.

Магазинот “Варајити” објави дека тој е обвинет за три инциденти кои се случиле во 2017 и 2019 година. Обвинителството навело дека Џереми е обвинет бидејќи во два наврати нападнал 33-годишна и 46-годишна жена, а обвинет е и за силување на 30-годишна жена во јули 2019 година. Сите инциденти се случиле во ист бар во западен Холивуд.

Порно ѕвездата е обвинета и за силување на 25-годишни жени во 2014 година, се наведува во соопштението. 67-годишниот, чие правилно име е Роналд Џереми Хајат, прв пат ќе се појави на суд во вторник. Жртвите не се именувани.

Ако биде осуден, Џереми би можел да добие казна од 90 години зад решетки.