
Екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, бил приведен во полициската станица Карпош – објави Лидер..
Дончев е приведен по објавата на видео и аудио разговорите од профилот на јутуб со име „Лепливи прсти”.
Во видеото се гледаше како тој во торба става снопче паро изрекетирани од една компанија.
Во овој момент не е познато каде е пронајден од страна на полицијата и дали се обидел да бега.
По распитот во П.С. Карпош се очекува тој да биде изведен пред јавен обвинител и истражен судија.