
редвечерието го искористив да го посетам населеното место Маџари, општина Гази Баба. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски поразговаравме со жителите од ова место.
Луѓето тука во Маџари велат дека владее инфраструктурен мрак, односно дека апсолутно ништо не е направено неколку години наназад. Велат дека им биле ветувани голем број на ветувања и разно разни проекти, но засега останува енигма каде се тие проекти.
Посакуваат обновата да започне и во Маџари, а со тоа луѓето да ги надминат проблемите кои моментално ги имаат од инфраструктурен аспект. Ветивме дека ќе оствариме се што е во изборната програма за овој дел од Гази Баба и се обврзавме на макотрпна работа. Тоа е нашата гаранција.
Маџари ја посакува обновата и токму поради тоа на претстојните избори ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ.
Обновата доаѓа и во Маџари! Доаѓа насекаде! 🇲🇰
#МаџариОдбираОбнова