
Во сите земји во регионот последните денови повторно расте бројот на лица заразени со корона вирусот, во Црна Гора се вратени најстрогите заштитни мерки, додека во другите држави се советува придржување ма препораките на епидемиолозите, пред се носењето на маски и дистанца.
Во Црна Гора каде еден период немаше ниту еден заразен, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 15 нови случаи и сега има вкупно 115 активни случаи, соопшти Институтот за јавно здравје.
Во Хрватска во последните 24 часа евидентирани се нови 56 случаи заразени со Ковид-19, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се зголемил на 2539.
Во Босна и Херцеговина има вкупно 140 новозаразени, од кои 25 се во Република Српска.
Во Словенија во текот на вчерашниот ден од 843 тестирања, 11 лица се позитивни на корона.