
Во Чешка во петокот биле регистрирани 168 нови случаи на инфекцијата со новиот коронавирус, што е најголемиот дневен раст на новозаразени лица од почетокот на април.
Воедно ова е четвртиот во последните 10 дена во кој дневниот раст на новозаразените е поголем од 100 лица. Минатата седмица најмногу нови случаи на заразата беа забележани во источниот рударски регион Карвина, според податоците објавени на интернет страницата на чешкото министерство за здравство.
Во петокот најголемиот дел од учениците ја завршија прекинатата настава, па семејствата се подготвуваат да заминат на годишен одмор. Многу Чеси одморот ќе го минат во земјата, главно поради стравувањата од пандемијата и рестрикциите на патувањата нема да патуваат во странство.
Владата во Прага постепено ги отстрануваше мерките за ограничувања кои се однесуваат на фунцкионирањето на стопанските гранки. Меѓутоа, вработениет на работните места во затворени простории мора да носат маски, а ограничувањата важат и кога станува збор за работното време на локалите, како и и за поголемите културни настани.
Властите најавија дека во иднина ќе се насочат на можно воведување локални карантини, на мерки на следење и тестирање, а не на карантин на ниво на целата земја.
Од минатиот понеделник дозволени се јавни собири до 1.000 луѓе, во донос на 500 лица дотогаш. Дозволи добија и одржувањата на разни саеми, отворени се базените, зоолошките градини, музеите и бројните историски дворци, кои ќе фунцкионираат како и во вообичаените околности без ограничување на посетителите.
До саботата претпладнето, во Чешка којашто има 10,7 милиони жители, регистрирани се вкупно 11.038 и 349 смртни исходи.