
Денес Зоран Заев бил во Штип и ни помалку, ни повеќе посетил детска градинка и болница.
Ни срам, ни перде, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
„Детските градинки не ги отвараат за да функционираат, ама затоа ги отвараат за Зоран Заев.
Ја посетил и болницата во Штип, а од Клиничкиот центар ни трага ни глас. Од парите исто така.
Ееее, наместо Вилма да го викне во обвинителство за да објасни како рекетирал домашни и странски бизнисмени, тој се шета како месија во Штип.
15ти јули е блиски, а аналогно на тоа, Заев уште поблиску до затвор“, порача Арсовски, кој додаде дека Заев требало да го посети и КПУ Штип, да види каде ќе борави наредните години.