
Вчера во 08:00 часот било пријавено дека на 26.06.2020 околу 00:00 часот во Кочани, непознато лице се обидело да изврши обљуба врз 86-годишна жена во нејзиниот дом, физички ја нападнал по што ѝ одзел материјални средства.
Извршен бил преглед од лекар, а за настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.