
Ние денеска преговараме за јунаците од нашата историја. Ние никако неможеме да ги прифатиме тие две работи, кои во моментов се случуваат. Како да преговараме. Зошто еве господинот Зоран Заев на последната или предпоследната лидерска средба не побара да се донесе декларација во парламентот, која што сите ќе ја поддржиме. Еве јас побарав декларација со која ќе ги детерминиравме нашите национални интереси и повеќе тоа нема да биде партиско прашање, во смисла ВМРО-ДПМНЕ мисли вака СДСМ мисли онака.
Моментот беше сите да се издигнеме над ситуацијата и во рамките на парламентот таа декларација да ја потпишеме. Но, Зоран Заев рече не. Еве нека признае јавно сега дали би се согласил дека Гоце Делчев не е Македонец и дали би се согласил дека нашиот мајчин јазик не е Македонски. Целиот народ знае како се колневте во најмилото во жицата. Господине Заев, мојата баба, прабаба, прадедо и така натаму се Македонци и пред 1945-тата година и говореле Македонски и пред 1945-тата година. А договорот што го потпишавте кој е спротивен на Уставот е дека македонскиот јазик е од 45-та наваму. Дека Вие господине Заев и јас сме дел од Комитерната. Никој не вели дека не треба да имаме добри односи со источниот сосед.
Јас лично сум учествувал на проекти на Техничкиот Универзитет во Софија. Но, Вие господине Заев потпишавте договор кој што до сега никој не се осудил да го потпише. И сега ние треба да ги исправуваме Вашите капитулации. Не сме “с’шти хора” како што му зборите на Бојко, ние сме горди Македонци, му рече претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот дуел на 24 телевизија.