Две лица се приведени откако попладнево се обиделе да влезат во ГОБ „8-ми Септември“ и барале да го земат телото на нивна блиска почината од ковид-19 и да го однесат на обдукција, објави Телма.
Откако надлежните во болницата им кажале дека протоколите за обдукција предвидуваат чекање од два часа и потоа со погребно возило телото да биде префрлено на Клиниката за патологија, роднините на починатата се заканиле со оружје по што била повикана полиција.
Тие биле приведени и било утврдено дека не носеле оружје.