
Триптихот на британскиот уметник Френсис Бејкон е продаден ноќта во понеделникот за рачиси 85 милиони долари на првото голем онлајн наддавање на аукциската куќа Sotheby’s.
Наддавањето на двајцата потенцијални купувачи, еден преку телефонски повик (од Кина) а другиот преку интернет (од Њујорк) траело десетина минутаи, објави аукциската куќа. Телефонскиот понудувач, кој сакал да остане анонимен, сликата ја купил за 84,6 милиони долари. Пред аукцијата од Sotheby’s очекуваа дека сликата ќе биде продадена за 60-ина милиони долари.
Вдахновен од Орестија, единствената сочувана трилогија од античките дела на творецот на грчката трагедија Есхил, триптихот на Бејкон од 1981 година во 1984 година го купи норвешкиот колекционер Ханс Расмус Аструп. Од тогаш е дел на неговата постојана музејска поставка.
„Триптихот вдахновен со есхиловата Орестија“ е едно од 28-те слични дела кои Бејкон ги насликал во периодот меѓу 1962 и 1991 година. Уметникот почина во 1992 година.
Сликата првично требаше да биде понудена на наддавање на 13-ти мај, но таа беше одложена поради пандемијата од коронавирусот.
Во 2014 година, сличен триптих на Бејкон беше продаден за 72 милиони долари. Неговиот триптих „Три скици за портретот на Лусиен Фројд“ оној кој беше понуден на аукција на Christie’s во 2013 година, постигна цена од 142,4 милиони долари.