
Во пловен објект на брегот на Охридското езеро пронајдени седум торбици со поголема количина на спакувана марихуана со тежина од над 100 килограми.
Дрогата била запленета во координирана акција на регионалниот пат Струга Охрид во близина на месноста викана Рампа.
Станува збор за повеќе лица сторители на делото кои дел и се добро познати на полицијата.
Извршен е увид на лице место, а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.