
Турскиот град Истанбул има БДП поголем од осум балкански земји заедно.
БДП на Турција лани изнесувал 740 милијарди американски долари, а за илустрација БДП на Босна и Херцеговина во 2028 година изнесуваше 20,2 милијарди американски долари.
Ова се податоци од Светската банка.
Бруто домашниот производ на Истанбул од 256 милијарди американски долари е поголем од осум балкански земји кои заедно имаат 253 милијарди американски долари како БДП.
Градот има 15,5 милиони жители, а наведените осум балкански земји заедно имаат 28,6 милиони.
Сепак, во 2018 и 2019 година економијата на Турција се соочи со рецесија.
Во неколку наврати изминативе години имаше и пад на лирата.