
Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски денеска беше во посета на населеното место Иво Тричковиќ во Куманово.
Таму покрај тоа што ги слушна проблемите на граѓаните, ја претстави и својата програма за идните четири години.
Истата содржи над 1.000 проекти.
-Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Кети Димковска и Тихомир Алексовски остваривме средба со жителите од кумановската населба Иво Тричковиќ. Населението тука е незадоволно поради тоа што во изминатите речиси четири години, ништо не е променето на подобро. Граѓаните ги имаат истите проблеми, за кои властите ги уверувале дека ќе се решат. Практично, СДСМ бескрупулозно ги лажеле луѓето само за да добијат глас повеќе, а потоа исчезнувале. Тоа не е ништо ново кога станува збор за тие луѓе, но мора да ставиме крај на таквиот однос.
Затоа ние се обврзуваме на реализација на секој проект кој е испишан во предизборната програма.
Македонија заслужува обнова и ние се бориме таа да дојде што поскоро!🇲🇰
#Заокружи14 #ОдбериОбнова, стои во неговиот пост на Фејсбук.