Ohrid calling festival се одложува за следната година

Иако Комисијата за заразни болети дозволи да се одржуваат јавни  настани на отворени простори со 50 отосто намалени капацитети, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одранизаторите одлучија годинешното издание OHRID CALLING да го одложиме за следната година, соопштија од Авалон Продукција

Организаторите истакнуваат дека периодов интензивно работеле на тоа истите артисти да ги префлат за следната година, па така, јубилејното издание на OHRID CALLING ќе биде ТРИ дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид.

Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година- обединети!

Дотогаш, подготвувајте се за OHRID CALLING 2021 и заедно да ги надоместиме сите пропуштени забави на следното издание на вашиот омилен фестивал!

А, кога зборуваме за културата и музиката во Македонија… ние сме секогаш тука да го пронајдеме лекот!

 

Одиме понатаму,