
Денеска треба да се одржи првото судско рочиште за случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која, како што пишува во обвинението, биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица
Јовановски кој посочи дека Луј Витон трбите завршиле кај Заеви е осуден за случајот „Рекет“ и денеска од затворот во Шутка треба да биде спроведен до Основниот кривичен суд во Скопје.
Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.
Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.
Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки од случајот „Рекет“.
Јовановски тврди дека обвинението за овој случај е конструиран случај. Ременски дава изјави дека ќе ја докаже својата невиност во овој случај и дека целта на ова судење е нејзина политичка елиминација.