Шекеринска од Струга најави повисоки плати

Кога ќе ги погледнете платите во образование, во здравство, во социјална грижа, во сите сектори ќе видите дека ние навистина покажавме дека парите кај граѓаните не е слоган, парите кај граѓаните е верба дека кога парите ќе излезат од буџетот и ќе заминат во семејните буџети тие три пати ќе направат ќар за секој граѓанин и за сета држава.

„Ние тврдевме дека минималната плата може да расте, тие велеа многу е опасно. Два пати имаа шанса тоа го поддржат, два пати не го направија тоа. Денеска ќе се шетаа и ќе ветуваат повисоки плати и пензии, истите кои ни се закануваа дека ќе се изгубат работните места. Еве го нашиот скор, просечна плата повисока за 4,400 денари, минимална плата повисока за 58 отсто и 60.000 работни места“, рече Шекеринска

Додаде дека стретнала луѓе од приватниот сектор, кои веќе не се плашеле од власта од знале дека СДСМ „утре нема да им прати инсмекции“ и кои биле задоволни од мерките што ги преземала владата за поддршка на стопанството

 

„Викаат конкуриравме заради тоа што сакавме да се обидеме, ама не знаевме што ќе добиеме, не знаевме дали некој ќе тера партиски списоци, не знаевме дали ќе не уценува, не знаевме дали тоа ќе биде некаква корупција. Никој не ни се јави, никој не ни постави услови, никој не не проверуваше дали имаме книшка и кого го симпатизираме. Добивме поддршка за прв пат од државата без да вртиме телефони.