
Околу 10 до 15 автомобили од Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во Грција, објавија грчките телевизии „Скај“ и „Мега“.
Конкретниот граничен премин е отворен за влез на туристи во Грција, но само од земјите членки на ЕУ и од третите земји што се најдоа на европската листа, додека пак за македонските државјани, забраната за влез во Грција до 15 јули 2020 важи независно од граничниот премин.