Дрекслмајер: Двајца вработени се позитивни на ковид 19

Пандемијата на коронавирусот за жал не стивнува – како на глобално, така и налокално ниво. Изминатите неколку денови во нашата компанија се регистрирани двајца вработени позитивни на коронавирус, чии случаи не се поврзани меѓусебно. Вработените изминатите денови не доаѓаа на работа и се заразиле преку контакти во нивното приватно опкружување – соопштија денеска од „Дрекслмајер“ – пренесе КТВ Телевизија.

Од компанијата наведуваат:

– И за двата случаи го контактиравме одговорниот епидемиолог во Општина Кавадарци и ги следиме дадените насоки и упатства. Веднаш по добивање на информацијата беа испратени во домашна самоизолација сите вработени кои, според работните места, се наоѓаат во непосредна близина.

Компанијата го следи својот изготвен план за справување со евентуален инфициран вработен и има изготвено протокол со кој би ги заштитиле и изолирале останатите засегнати колеги. И понатаму здравјето и безбедноста на нашите вработени остануваат врвен приоритет.Вниманието на оваа тема во компанијата е на највисоко ниво од самиот почеток. Постојано сме во контакт со надлежните здравствени институции, ги спроведуваме сите превентивнимерки за заштита, како и дополнителни интерни протоколи наложени од нашата централа во Германија, а според насоките на Роберт Кох Институтот – велат од компанијата.

И покрај преземањето на бројни мерки и активности, сепак една од најважните мерки на заштита останува совесното однесување и делување на секој од нас. За ова вработените  постојано се информираат дека самозаштитата почнува од напуштање на домот, за време на работата, но и во слободното време. Токму затоа постојано посочуваме дека треба да се следат препораките на здравствените институции. Апелираме на зголемување на свесноста за самозаштита и совесно однесување на сите граѓани, а секако и на нашите вработени.

Во однос на превентивните мерки, преземени се следните активности:

– Дрекслмајер обезбедува доволни количини на заштитни маски за секој вработен. Преку200.000 маски (за еднократна и повеќекратна употреба) се набавени во изминатиот период.

Задолжително носење на заштитни маски и држење на соодветна дистанца е  контролирано од тим на вработени чиј ангажман е постојано надгледување и контролирање на вработените во фабриката.

– Транспортот за вработените се одвива со 50 проценти исполнет капацитет. При влез воавтобусите, но и на влез во фабриката задолжително се мери телесна температура собесконтактен термометар.

– Редовно дезинфицирање

Задолжително е дезинфицирање на рацете и обувките при влез во фабриката. Воконтинуитет обезбедуваме големи количини на средства за дезинфекција, а пунктови задезинфицирање на раце се поставени на сите површини и простории во фабриката.

Редовно се дезинфицираат и фабричките простории, производствени хали, канцеларии,кафе-автомати, кујни, пушачки зони и сите останати простории.

– Плексиглас заштита

Онаму каде не е можно да се одржи соодветно растојание и каде што дозволува просторотпоставена е дополнителна заштита – плексиглас паравани. Тие се поставени во кантините иво одредени оддели каде не може постојано да се одржува соодветна дистанца.

Како потсетник за вработените, поставени се ознаки на повеќе локации во фабриката заодржување на минимум растојание помеѓу вработените.

– Просторија за изолација

Нашата компанија има дополнителни внатрешни протоколи кои гарантираат зголемени мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот. За евентуален сомнителенслучај на  нфицирано лице обезбедена е посебна просторија за привремена изолација, сѐдодека лицето не ги напушти фабричките простории. Оваа просторија е максималноопремена со сите потребни заштитни средства и би се користела во стриктно одреденислучаи – се вели во соопштението од „Дрекслмајер“.