Казни за 461 лице за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 461 прекршок, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од владата со цел  справување со ковид -19.